Во Македонија од 1 јануари 2015 година се воведува екотакса за увоз и продажба на електричните апарати, која според увозниците, ќе придонесе да се зголемат цените на апаратите за домаќинство. Таксата е согласно европската регулатива, а се пресметува врз основа на видот, тежината и трошокот за рециклирање на апаратот. Бојан Лалиќ од „Техномаркет“ вели дека давачката, на пример, за еден фрижидер што тежи 60 килограми би била 3.000 денари. Според него, сумата е висока и смета дека треба да се одложи примената на регулативата. Постои опција наместо да се плаќа екотакса, да се формира посебно здружение на увозници, кое за одреден надоместок ќе ги собира и уништува апаратите. Тогаш таксата ќе биде договорна. И во тој случај ќе поскапат апаратите.
Во Македонија од 1 јануари 2015 година се воведува екотакса за увоз и продажба на електричните апарати, која според увозниците, ќе придонесе да се зголемат цените на апаратите за домаќинство.
Таксата е согласно европската регулатива, а се пресметува врз основа на видот, тежината и трошокот за рециклирање на апаратот.
Бојан Лалиќ од „Техномаркет“ вели дека давачката, на пример, за еден фрижидер што тежи 60 килограми би била 3.000 денари. Според него, сумата е висока и смета дека треба да се одложи примената на регулативата.
- Постои опција наместо да се плаќа екотакса, да се формира посебно здружение на увозници, кое за одреден надоместок ќе ги собира и уништува апаратите. Тогаш таксата ќе биде договорна - појасни Лалиќ, кој потенцира дека и во тој случај ќе поскапат апаратите.
Во овој случај фирмите увозници би ~ плаќале на тоа здружение, но, колку, не се знае, бидејќи с` уште не е формирано.
Од Министерството за животна средина информираат дека засега увозниците на бела техника треба само да се регистрираат кај нив, бидејќи, во спротивно, нема да може да работат.
Ленче Kучиева, помошник-раководител во секторот за ЕУ во Министерството за животна средина и просторно планирање, вели дека постои можност да се одложи примената.
- Прва обврска на производителите и увозниците на апарати е да се регистрираат кај нас до крајот на 2013 година, процес што е веќе почнат. Освен регистрација, со законот е предвидено овие обврзници да се организираат во колективен систем. Треба да рециклираат одреден процент според количината на опрема што ја имаат пуштено во промет претходната година.
Оваа обврска стапува во сила до крајот на 2014 година и мора да се плаќа надомест во буџетот. Но, Министерството прави анализи за одлагање на роковите - вели таа.
Парите од оваа такса ќе се слеат во државната каса за финансирање екопроекти за управување отпад од електрични апарати.